За организација на Републичките натпревари по математика за учениците од средното образование изминатиов период е акредитиран Сојузот на математичарите на Македонија. Овие натпревари се организираат од 1955 година, со тоа што во 1956, 1958 и 1960 година натпреварот не е одржан, а потоа непрекинато се одржува секоја година. Во моментов на републичкиот натпрева учествуваат најдобро пласираните ученици од прва до четврта година од Регионалните натпревари. Меѓу другото, според резултатите од овие натпревари се избираат учесниците на Македонска математичка олимпијада.