Јуниорската балканска математичка олимпијада (JBMO) е формирана на иницијатива на професорот Владимир Стојановиќ од Белград и Сојузот на математичарите на Македонија, при што регулациите за истата се напишани во Скопје, пролетта 1994 година, од страна на претставници на Р. Македонија, Р. Бугарија и Р. Србија. Притоа беше договорено првата олимпијада да се одржи следната година во нашата држава, но тоа беше опструирано од некои балкански држави, па по откажувањерто на Р. Бугарија како домаќин во 1996 година, првата балканијада се организираше во Белград во 1997 година. Правилата според кои се организира организира овој натпревар се наполно идентични со правилата според кои се организира Балканската математичка олимпијада.