Проф. д-р Ристо Малчески е роден на 9 август 1957 г. во Р. Србија. Основно образование завршил во Прилеп, а средно во Математичката паралелка при гимназијата Георги Димитров во Скопје. Како најдобар студент во генерацијата, дипломирал на Математичкиот факултет во Скопје и за постигнатиот успех во текот на студирањето бил награден од Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Магистрирал на тема Субнормални оператори, а на тема Прилог кон теоријата на n-нормираните простори докторирал на ПМФ, Скопје.
По докторирањето, бил избран за доцент од областа на математичката анализа на ИМ при ПМФ во Скопје, каде преминал од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а во 2003 година преминал Факултетот за општествени науки во Скопје. Во 2006 година бил избран за редовен професор во областа на математичките науки, на Европскиот универзитет, а од 2008 до 2020 година работел на ФОН универзитетот. Во академската 2020/21 преминал на Славјанскиот универзитет, од каде на 1.9.2021
година се пензионирал.
Проф. д-р Ристо Малчески два мандати бил претседател на СММ, бил главен и одговорен уредник на списанијата Сигма, Нумерус и Математичка искра, уредник на Математика+, уредник на научните списанија Математички билтен и Математика – Информатика и рецензент на Math Reviews. Покрај тоа, бил проректор за настава на
Европскиоот универзите и на ФОН универзитетот, како и декан на Архитектонскиот
факултет при ФОН универзитетот.
Во својата богата кариера проф. Ристо Малчески бил еден од клучните луѓе во
организацијата на БМО1999, БМО2008, БМО2017, ЈБМО2000, ЈБМО2014,
SEEMOUS2015 и SEEMOUS2017, а учествувал и во организацијата на неколку научни
собири и тоа како Претседател на Програмски одбор или на Организационен одбор.
Во перидот до пензионирањето проф. Ристо Малчески објавил 19 универзитетски
учебници, 6 учебници за средно и основно образование, 85 книги за работа со
надарени ученици, 5 други математички книги, 49 трудови од областа на
функционалната нализа, 47 трудови од областа на методика по математика, 7 научни
трудови од применета математика и 123 стручни статии.
Проф. д-р Самоил Малчески е вонреден професор по Статистика на Факултетот за
економија и организација на претприемништво при Меѓународниот Славјански
Универзитет „Г.Р. Державин“ во Св. Николе и Битола.
Во периодот од 2015 до 2019 година проф. Самоил Малчески бил активен во Сојузот
на математичари на Македонија, каде членувал во комисиите за спроведивање на
натпревари на општинско, регионално и државно ниво за основното и средното
образование, а бил дел и од комисиите за спроведување на Македонската
математичка олимпијада за ученици од средно образование и Јуниорската
математичка олимпијада за ученици од основно образование. Исто така бил дел од
организациониот одбор и тимот за координација на БМО2017, SEEMOUS2015 и
SEEMOUS2017. Во 2018 и 2019 година бил заменик лидер на македонскиот тим кој се
натпреварувал на 35-тата и 36-тата Балканска математичка олимпијада.
Проф. Самоил Малчески е автор или коавтор на 7 универзитетски учебници, 21 книги
за работа со надарени ученици од областа на математиката, 28 научно-популарни
статии од областа на математиката и применета математика, како и на 27 научни
трудови од областите на статистика, математичка анализа и применета математика.