Студентската балканска математичка олимпијада (SEEMOUS) се одржува од 2007 година во организација на балканската математичка
асоцијација ( Mathematical Society of South Eastern Europe – MASSEE) и на неа учествуваат универзитетски екипи од земјите членки, но по правило има и гостински екипи, што е случај и на BMO и JBMO. Нашата држава во 2015, 2017 и 2023 година беше организатор на оваа олимпијада.