За организација на Републичките натпревари по математика за учениците од основното образование изминатиов период е акредитиран Сојузот на математичарите на Македонија. Овие натпревари се организираат од 1976 година и во моментов на истите учествуваат наjдобро пласираните ученици од шесто до деветто одделение од Регионалните натпревари. Меѓу другото, според резултатите од овие натпревари се избираат учесниците на Јуниорската македонска математичка олимпијада.