Работата со надарените ученици за математика во Република Македонија има долга традиција, која пред сѐ е во организирање на натпревари по математика во основното и средното образование. Но, оваа активност се одвива стихијно, што може да се заклучи од фактот дека ниту една институција или невладина организација досега нема изработено програми и соодветни систематизирани материјали, кои ќе ја поткрепат оваа значајна општествена дејност. Токму последното е цел на овој сајт, во кој се содржани како програми, така и соодветни материјали за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Програмите и материјалите кои се наоѓаат на сајтот беа планирани да бидат централен дел од системот на натпревари по математика, но заради одредени случувања од почетокот на 2018 година,
истите се најдоа на овој сајт, чија цел е да ја подржи работата со надарените ученици за математика во нашата држава, независно од тоа кој и како го води акредитираниот систем за натпревари. Постојниот систем на натпревари по математика не ги опфаќа учениците од второ и трето одделение, меѓутоа материјалите кои се содржат на сајтот целосно ги покриваат и овие две возрасни групи и тоа како од програмски, така и од содржински аспект (поглем број математички четива и збирки задачи). Основачите на сајтот и нивните соработници ги повикуваат на соработка сите заинтересирани колеги, сѐ со цел сајтот постојано да се надополнува и надоградува со нови и квалитетни материјали, кои ќе овозможат побрзо напредување на учениците надарени за математика.
Средно образование - Броеви - 05.07.2025
2. Ања Гргец – Принцип на екстремСредно образование - Множества, логика и комбинаторика - 05.07.2025
3. EGMO 2025Натпревари - 05.07.2025
4. Милорад Бељиќ – Задачи од максимум и минимумВисоко образование - Теориска математика - 05.07.2025
5. Амар Бапиќ, Амра Лушничкиќ – Графичко определување на извод на функцијаСредно образование - Анализа - 05.07.2025
6. Драгољуб Милошевиќ - Рамнокрак триаголник со агол од 100Средно образование - Геометрија - 05.07.2025
7. Алија Муминагиќ, Јенс Карстенсен - Поглед од друг аголСредно образование - Тригонометрија и аналитичка геометрија - 05.07.2025
8. Петар Жугец - Дијагностички парадоксСредно образование - Веројатност и криптографија - 05.07.2025
Средно образование - Повеќе решенија на иста задача - 05.07.2025
10. Драгољуб Милошевиќ - Четири равенства за правилен петнаесетаголникОсновно образование - Геометрија - 05.07.2025
11. Сара Бан Мартиновиќ, Ирја Мештровиќ - Магични правоаголнициСредно образование - Множества, логика и комбинаторика - 05.07.2025
12. Жарко Чулиќ - Судоку - Задачи 6Средно образование - Популарно - 05.07.2025
13. Невен Јуриќ - Од 1 до 50 со 2024 и со 2025Средно образование - Популарно - 05.07.2025
14. Воислав Андриќ, Валентина Гоговска - Задачи во врска со бројот 2024Основно образование - Натпревари - 30.06.2025
15. JBMO2025Натпревари - 30.06.2025
16. Републички натпревар 2025Натпревари - 30.06.2025
Овој дел на сајтот содржи поголем број математички четива, односно стручни статии од областа на математиката, кои се наменети пред се за работа со надарените ученици за математика. Но, некои од овие четива може да се користат и во редовната настава по математика како во основното, така и во средното образование. Повеќе...
Овој дел на сајтот содржи книги наменети за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Меѓутоа, тука ќе најдете и неколку универзитетски учебници, како и постари изданија на учебници за одновно и средно образование, кои според наше мислење далеку го надминуваат нивото и квалитетот на учебниците за основно образование. Повеќе...