Меѓународната Жаутуковска олимпијада која се
состои од три предмети (математика, физика и
информатика) и е наречена по казашко-советскиот
математичар Орембек Жаутиков, се одржува во
Алмаата во Казахстан од 2005 година. Самиот
натпревар трае два дена, при што учениците се
натпреварваат одделно по секој предмет и во секој
натпреварувачки ден учениците решаваат по три
задачи.