За организација на Регионалните наторевари по математика за учениците од основното образование изминатиов период е акредитиран Сојузот на математичарите на Македонија. Овие натпревари се организираат од 1983 година и во моментов на истите учествуваат надобро пласираните ученици од четврто до деветто одделение од Општинските натпревари. Меѓу другото, според резултатите од овие натпревари се избираат учесниците на Републичните натпревари, на кои учествуваат ученици од шесто до деветто одделение од основното образование.