Балканската математичка олимпијада (BMO) почнувајќи од
1984 година се одржува секоја година, по правило, на
почетокот на месец мај. Самиот натпревар трае еден ден, во
кој учениците решаваат 4 задачи, секоја од кои се вреднува
по 10 поени. Изборот на задачите се врши на потполно ист
начин како и на Меѓународната математичка олимпијада. Секоја екипа има водач и заменик водач на екипата и најмногу 6 ученици.