„Кенгур без граници“ е меѓународен натпревар по математика. Организиран е од истоименото светско здружение. Во Македонија го организира Природно-математичкото здружение Армаганка.
Главната цел на натпреварот „Кенгур без граници“ е популаризација на математиката. Целта на натпреварот е и зголемување на интересот за математика и природни науки, како и нивото на логичко и комбинаторичко размислување, разбирање на текстови и примена на стекнатото математичко знаење.
Учениците од целиот свет, размислуваат за истите проблеми и решаваат исти задачи во исто време. Во целиот свет се одржува во третиот четврток во март, во 11 часот наутро.

