Општинските натпревари по математика се одржуваат почнувајќи од 2014 година. На овие натпревари учествуваат учениците од четврто до деветто одделение и според постигнатите резултати учениците се квалификуваат за учество на регионачните натпревари. Со воведувањето на општинските натпревари, системот на натпревари по математика во основното образование има три степени на кои учениците се напреваруваат по одделенија и еден степен на кој учениците учествуваат без разлика во кое одделение учат.