Сојузните натпревари за учениците од средното образование во поранешната држава СФРЈ се одржува од 1960 година. Тие беа највисоко ниво на натпревари на младите математичари на Југославија. Задачите од овие натпревари беа добар показател за равојот на системот на натпревари во Јогославија, но и одличен материјал за подготоцка на идните натпреварувачи. Од 1963 година Југославија учествуваше на Меѓународните математички олимпијади, за кои екипата се определуваше врз основа на резултатите на Сојузниот натпревар, а во некои години и врз основа на дополнителен натпревар, познат како Мала олимпијада. На сајтот се поставени задачите од сите сојузни натпревари до моментот кога учениците од Македонија учествува на истите. Исто така се поставени и задачите од Малата олимпијада, освен годините кои неповратно се изгубени и тоа 1964-1968 и 1971 година. Во другите години каде нема задачи од Малата олимпијада, истата не е одржана (за 1990 и 1991 година не ни е познато дали е одржана Малата олимпијада).