Медитеранската математичка олимпијада се организира од 1998 година, по правило во месец април. На истата се задаваат четири задачи, за чие решавање учениците имаат 4,5 часа и секоја задача се вреднува по 7 поени. На оваа олимпјада учениците не патуваат и таа се организира во десетина држави, но резултатите на учениците се сумираат во единствена ранг листа. Во нашата држава оваа олимпијада ја организира Природно-математичкото здружение Армаганка.