Општинските натпревари по математика за учениците од средните училишта последни се воведени во системот на натпревари кој е акредитиран од надлежното министерство. Како и останатите акредитирани натпревари и овие натпревари ги организира Сојузот на математичарите на Македонија и истите се во функција на селекција на учениците кои учествуваат на регионалните натпревари.