Овој натпревар се одржува во знак на сеќавање на дипломираниот математичар Александар Блажески Цане, кој во деведесеттите години од минатиот век беше наш најуспешен натпреварувач на Меѓународната математичка олимпијада. Имено, Блажески во своите три учества на оваа олимпијада освои три бронзени медали.

