Овој дел на сајтот содржи програми за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Во секоја програма, покрај целите кои треба да се постигнат при реализирање на прогамата за соодветната возрасна група, детално се разработени неопходните содржините кои треба да се узвојат за постигнување на соодветните цели, како и литературата која може да послужи за оваа намена. За жал, освен за некои делови, не постои соодветна литература во која се содржани и потребните теориски знаења, па затоа на зантересираните ученици, родители и наставници им препорачуваме освен книгите наведени во литературата, а кои се наоѓаат на овој сајт, да ги користат и математичките четива за соодветните содржини.