Овој дел на сајтот содржи поголем број математички четива, односно стручни статии од областа на математиката, кои се наменети пред се за работа со надарените ученици за математика. Но, некои од овие четива може да се користат и во редовната настава по математика како во основното, така и во средното образование. Притоа повеќето четива содржат теориски разработки од одделни математички дисциплини, кои се неопходни, како за решавање на посложени задачи, така и за продлабочено изучување на математиката, а кои за жал со бројните реформи целосно се отфрлени од наставните програми во основното и средното образование.


1. Математиката низ вековите
2. Славни математичари