Од 2012 година, на иницијатива на Кралството Британија, а по примерот на сличен натпревар во Република Кина, се одржува Европската математичка олимпијада за девојчиња (EGMO). Самиот натпревар трае два дена, при што во секој од овие денови ученичките решаваат по три задачи. Секоја екипа има водач и заменик водач на екипата и најмногу 4 ученички.