Математички талент

Работата со надарените ученици за математика во Република Македонија има долга традиција, која пред сѐ е во организирање на натпревари по математика во основното и средното образование. Но, оваа активност се одвива стихијно, што може да се заклучи од фактот дека ниту една институција или невладина организација досега нема изработено програми и соодветни систематизирани материјали, кои ќе ја поткрепат оваа значајна општествена дејност. Токму последното е цел на овој сајт, во кој се содржани како програми, така и соодветни материјали за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Програмите и материјалите кои се наоѓаат на сајтот беа планирани да бидат централен дел од системот на натпревари по математика, но заради одредени случувања од почетокот на 2018 година,

истите се најдоа на овој сајт, чија цел е да ја подржи работата со надарените ученици за математика во нашата држава, независно од тоа кој и како го води акредитираниот систем за натпревари. Постојниот систем на натпревари по математика не ги опфаќа учениците од второ и трето одделение, меѓутоа материјалите кои се содржат на сајтот целосно ги покриваат и овие две возрасни групи и тоа како од програмски, така и од содржински аспект (поглем број математички четива и збирки задачи). Основачите на сајтот и нивните соработници ги повикуваат на соработка сите заинтересирани колеги, сѐ со цел сајтот постојано да се надополнува и надоградува со нови и квалитетни материјали, кои ќе овозможат побрзо напредување на учениците надарени за математика.

Последно објавено

1. jbmo_shortlist_2025

Натпревари - 22.6.2026

2. jbmo_shortlist_2024

Натпревари - 22.6.2026

3. jbmo_shortlist_2021

Натпревари - 22.6.2026

4. jbmo_shortlist_2022

Натпревари - 22.6.2026

5. jbmo_shortlist_2023

Натпревари - 22.6.2026

6. jbmo_shortlist_2019

Натпревари - 22.6.2026

7. jbmo_shortlist_2020

Натпревари - 22.6.2026

8. jbmo_shortlist_2017

Натпревари - 22.6.2026

9. jbmo_shortlist_2018

Натпревари - 22.6.2026

10. jbmo_shortlist_2016

Натпревари - 22.6.2026

11. jbmo_shortlist_2015

Натпревари - 22.6.2026

12. jbmo_shortlist_2014

Натпревари - 22.6.2026

13. jbmo_shortlist_2013

Натпревари - 22.6.2026

14. jbmo_shortlist_2012

Натпревари - 22.6.2026

15. jbmo_shortlist_2010

Натпревари - 22.6.2026

16. jbmo_shortlist_2011

Натпревари - 22.6.2026

Математички Четива

Овој дел на сајтот содржи поголем број математички четива, односно стручни статии од областа на математиката, кои се наменети пред се за работа со надарените ученици за математика. Но, некои од овие четива може да се користат и во редовната настава по математика како во основното, така и во средното образование. Повеќе...

Книги

Овој дел на сајтот содржи книги наменети за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Меѓутоа, тука ќе најдете и неколку универзитетски учебници, како и постари изданија на учебници за одновно и средно образование, кои според наше мислење далеку го надминуваат нивото и квалитетот на учебниците за основно образование. Повеќе...