Меѓународната математичка олимпијада (IMO) е најугледниот математички натпревар, кој почнувајќи од 1959 година во текот на два натпреварувачки дена се одржува секоја година во месец јули. Исклучок е 1980 година, кога истата не е одржана, но се одржани повеќе локални олимпијади. Учениците во двата натпреварувачки дена решаваат по три задачи, секоја од кои се вреднува по 7 поени. Изборот на задачите го врши Жирито, кое е составено од вoдачите на екипите на земјите учеснички. Задачите се избираат од листата задачи која ја подготвува Комитетот за селекција на задачите. Секоја екипа има водач и заменик водач на екипата и најмногу 6 ученици.