Јуниорската балканска математичка олимпијада (JBMO) е
формирана на иницијатива на Сојузот на математичарте на
Македонија, при што регулациите за истата се напишани
пролетта 1995 година, од страна на претставници на Р.
Македонија, Р. Бугарија и Р. Србија. Притоа беше
договорено првата олимпијада да се одржи во нашата
држава, но тоа беше опструирано од некои балкански
држави, па така олимпијадата почна да се организира од
1997 година. Правилата според кои се организира
организира овој натпревар се наполно идентични со
правилата според кои се организира Балканската математичка олимпијада.