Во овој дел на сајтот се дадени шорт листите од Балканските математички олимпијади кои им се достапни на основачите на сајтот. Како и на другите натпревари, така и на БМО од пристигнатите предлози од земјите учеснички шорт листата ја подготвува Комисија за селекција на задачите која ја формира домаќинот на БМО, а самиот избор на задачите за натпреварот е во надлежност на жирито на натпреварот, со кое претседава професор кој го определува домаќинот на БМО, а останатите членови на жирито се водачите на екипите на земјите учеснички.