Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) ја организира Сојузот на математичарите на Македонија, почнувајќи од 1997 година. Оваа олимпијада се организира за учениците помлади од 15,5 години, а начинот на организација на ЈММО е сличен на организацијата на ЈБМО, со тоа што најчесто се задаваат по пет задачи. На истата учествуваат најдобро рангираните ученици од претходните натпревари, за што постојат прецизни критериуми содржани во Правилникот за организација на ЈММО. Меѓу другото, оваа олимпијада има за цел и да даде завршни информации за постигањата на учениците до 15,5 години, па затоа покрај другите критериуми таа е најважниот критериум за избор на македонската екипа за учество на Јуниорската балканска олимпијада (ЈБМО).