Македонската математичка олимпијада (ММО) се организира од 1994 година. На овој натпревар учествуваат најдобро рангираните ученици од Републичкиот натпревар. Резултатите постигнати на ММО се основа за избор на учесниците од нашата држава на Европската олимпијада за девојчиња и на Балканската математичка олимпијада. Самиот натпревар е во организација на Сојузот на математичарите не Македонија и истиот се спроведува според посебен правилник, во кој одвивањето на натпреварот е регулирано во целост од сите аспекти.