Работата со надарените ученици за математика во Република Македонија има долга традиција, која пред сѐ е во организирање на натпревари по математика во основното и средното образование. Но, оваа активност се одвива стихијно, што може да се заклучи од фактот дека ниту една институција или невладина организација досега нема изработено програми и соодветни систематизирани материјали, кои ќе ја поткрепат оваа значајна општествена дејност. Токму последното е цел на овој сајт, во кој се содржани како програми, така и соодветни материјали за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Програмите и материјалите кои се наоѓаат на сајтот беа планирани да бидат централен дел од системот на натпревари по математика, но заради одредени случувања од почетокот на 2018 година,
истите се најдоа на овој сајт, чија цел е да ја подржи работата со надарените ученици за математика во нашата држава, независно од тоа кој и како го води акредитираниот систем за натпревари. Постојниот систем на натпревари по математика не ги опфаќа учениците од второ и трето одделение, меѓутоа материјалите кои се содржат на сајтот целосно ги покриваат и овие две возрасни групи и тоа како од програмски, така и од содржински аспект (поглем број математички четива и збирки задачи). Основачите на сајтот и нивните соработници ги повикуваат на соработка сите заинтересирани колеги, сѐ со цел сајтот постојано да се надополнува и надоградува со нови и квалитетни материјали, кои ќе овозможат побрзо напредување на учениците надарени за математика.
Основно образование - Натпревари - 31.01.2025
2. Ристо Малчески - Збирка решени задачи од натпреварот Кенгур за осмо и деветто одделениеОсновно образование - Натпревари - 31.01.2025
3. Јелена Алексиќ, Сандра Андриќ, Верица Илиќ, Никола Митриновиќ - Математика 7Основно образование - Редовна настава - 22.01.2025
4. Самоил Малчески - Збирка решени задачи за натпревари за учениците од осмо одделениеОсновно образование - Натпревари - 22.01.2025
5. Самоил Малчески - Збирка решени задачи за натпревари за учениците од седмо одделениеОсновно образование - Натпревари - 17.01.2025
6. Самоил Малчески - Збирка решени задачи за натпревари за учениците од шесто одделениеОсновно образование - Натпревари - 12.01.2025
7. Самоил Малчески - Збирка решени задачи за натпревари за учениците од петто одделениеПочетно образование - Натпревари - 06.01.2025
8. Самоил Малчески - Збирка решени задачи за натпревари за учениците од четврто одделениеПочетно образование - Натпревари - 01.01.2025
Основно образование - Натпревари - 31.12.2024
10. Ерблина Зеќири - Експоненцијални фамилии на распределби на веројатностВисоко образование - Применета математика - 31.12.2024
11. Маријана Греблички - Вовед во конечни p-групиВисоко образование - Теориска математика - 31.12.2024
12. Петар Жугец - Провокативна статија за интелегенцијатаВисоко образование - Теориска математика - 31.12.2024
13. Роберт Леденчан - Вовед во ротрициВисоко образование - Теориска математика - 31.12.2024
14. Марија Милоложа Пандур, Иван Вуковиќ - Елементарни функции и неелементарни интегралиВисоко образование - Теориска математика - 31.12.2024
15. Ивана Божиќ Драгун, Маја Ќуриќ, Мартина Бабиќ - Оскулаторни кружници и еволвента на коникаВисоко образование - Теориска математика - 31.12.2024
16. Даниел Кризманиц, Антонио Шпац - Неравенството на Јенсен во теоријата на веројатностВисоко образование - Теориска математика - 31.12.2024
Овој дел на сајтот содржи поголем број математички четива, односно стручни статии од областа на математиката, кои се наменети пред се за работа со надарените ученици за математика. Но, некои од овие четива може да се користат и во редовната настава по математика како во основното, така и во средното образование. Повеќе...
Овој дел на сајтот содржи книги наменети за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Меѓутоа, тука ќе најдете и неколку универзитетски учебници, како и постари изданија на учебници за одновно и средно образование, кои според наше мислење далеку го надминуваат нивото и квалитетот на учебниците за основно образование. Повеќе...