Работата со надарените ученици за математика во Република Македонија има долга традиција, која пред сѐ е во организирање на натпревари по математика во основното и средното образование. Но, оваа активност се одвива стихијно, што може да се заклучи од фактот дека ниту една институција или невладина организација досега нема изработено програми и соодветни систематизирани материјали, кои ќе ја поткрепат оваа значајна општествена дејност. Токму последното е цел на овој сајт, во кој се содржани како програми, така и соодветни материјали за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Програмите и материјалите кои се наоѓаат на сајтот беа планирани да бидат централен дел од системот на натпревари по математика, но заради одредени случувања од почетокот на 2018 година,
истите се најдоа на овој сајт, чија цел е да ја подржи работата со надарените ученици за математика во нашата држава, независно од тоа кој и како го води акредитираниот систем за натпревари. Постојниот систем на натпревари по математика не ги опфаќа учениците од второ и трето одделение, меѓутоа материјалите кои се содржат на сајтот целосно ги покриваат и овие две возрасни групи и тоа како од програмски, така и од содржински аспект (поглем број математички четива и збирки задачи). Основачите на сајтот и нивните соработници ги повикуваат на соработка сите заинтересирани колеги, сѐ со цел сајтот постојано да се надополнува и надоградува со нови и квалитетни материјали, кои ќе овозможат побрзо напредување на учениците надарени за математика.
Основно образование - Натпревари - 28.11.2023
2. Ристо Малчески - Комбинаторика (дефиниции, теореми и задачи - прв дел)Средно образование - Натпревари - 28.11.2023
3. Turgor2023-24Натпревари - 28.11.2023
4. B. Demidovich - Problems in Mathematical analysisКниги - Универзитетски учебници - 28.11.2023
5. Б. Демидовиќ - Задачи по математичка анализаКниги - Универзитетски учебници - 28.11.2023
6. Ристо Малчески, Самоил Малчески, Даниел Велинов - Логички и комбинаторни задачи за натпревари за учениците од VI до IX одделениеОсновно образование - Натпревари - 04.11.2023
7. Јенс Карстенсен, Алија Муминагиќ - Тригoнометриски, хиперболични фунции и Фибоначиеви броевиСредно образование - Броеви - 03.11.2023
8. Владо Стошиќ - Четири точки на кружницаОсновно образование - Геометрија - 02.11.2023
Основно образование - Геометрија - 02.11.2023
10. Владо Стошиќ - Кружница и аглиОсновно образование - Геометрија - 02.11.2023
11. Петар Младиниќ - Мозгалици со правоаголнициОсновно образование - Геометрија - 02.11.2023
12. Златко Лобор - Триаголник,четириаголник и круг 1Основно образование - Геометрија - 02.11.2023
13. Златко Лобор - Триаголник,четириаголник и круг 2Основно образование - Геометрија - 02.11.2023
14. Јулије Јакшетиќ, Јосип Лопатиќ, Марјан Праљак, Роберт Солдо - Лема за подигнување на експоненетите 2Средно образование - Броеви - 21.10.2023
15. Ана Белцар, Соња Штимац - Динамика на Хеноновите пресликувањаВисоко образование - Применета математика - 21.10.2023
16. Turgor2022-23Натпревари - 18.10.2023
Овој дел на сајтот содржи поголем број математички четива, односно стручни статии од областа на математиката, кои се наменети пред се за работа со надарените ученици за математика. Но, некои од овие четива може да се користат и во редовната настава по математика како во основното, така и во средното образование. Повеќе...
Овој дел на сајтот содржи книги наменети за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Меѓутоа, тука ќе најдете и неколку универзитетски учебници, како и постари изданија на учебници за одновно и средно образование, кои според наше мислење далеку го надминуваат нивото и квалитетот на учебниците за основно образование. Повеќе...