Математички талент

Работата со надарените ученици за математика во Република Македонија има долга традиција, која пред сѐ е во организирање на натпревари по математика во основното и средното образование. Но, оваа активност се одвива стихијно, што може да се заклучи од фактот дека ниту една институција или невладина организација досега нема изработено програми и соодветни систематизирани материјали, кои ќе ја поткрепат оваа значајна општествена дејност. Токму последното е цел на овој сајт, во кој се содржани како програми, така и соодветни материјали за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Програмите и материјалите кои се наоѓаат на сајтот беа планирани да бидат централен дел од системот на натпревари по математика, но заради одредени случувања од почетокот на 2018 година,

истите се најдоа на овој сајт, чија цел е да ја подржи работата со надарените ученици за математика во нашата држава, независно од тоа кој и како го води акредитираниот систем за натпревари. Постојниот систем на натпревари по математика не ги опфаќа учениците од второ и трето одделение, меѓутоа материјалите кои се содржат на сајтот целосно ги покриваат и овие две возрасни групи и тоа како од програмски, така и од содржински аспект (поглем број математички четива и збирки задачи). Основачите на сајтот и нивните соработници ги повикуваат на соработка сите заинтересирани колеги, сѐ со цел сајтот постојано да се надополнува и надоградува со нови и квалитетни материјали, кои ќе овозможат побрзо напредување на учениците надарени за математика.

Последно објавено

1. Ристо Малчески - Мериме, споредуваме и распределуваме маси

Основно образование - Множества, логика и комбинаторика - 23.04.2024

2. Ирена Стојковска - Линеарно програмирање

Основно образование - Аритметика и Алгебра - 23.04.2024

3. Ирена Стојковска - Разбирање на четирите основни средини

Основно образование - Неравенства - 23.04.2024

4. Ирена Стојковска - Тајната на бројот 6174

Основно образование - Популарно - 23.04.2024

5. Ирена Стојковска - Метод на отсечки

Основно образование - Аритметика и Алгебра - 23.04.2024

6. Ирена Стојковска - Комбинаторни задачи

Почетно образование - Множества, логика и комбинаторика - 23.04.2024

7. Ирена Стојковска - Игри и стратегии

Почетно образование - Множества, логика и комбинаторика - 23.04.2024

8. Ирена Стојковска - Број кој станува за еден поголем кога од него ќе земеш еден

Почетно образование - Аритметика - 23.04.2024

9. Ирена Стојкoвска - Искази

Почетно образование - Множества, логика и комбинаторика - 23.04.2024

10. Ирена Стојковска - Нумерички методи за решавање равенки со една непозната

Средно образование - Алгебра - 23.04.2024

11. Ирена Стојковска - Неравенства со веројатности на случајни настани

Средно образование - Веројатност и криптографија - 23.04.2024

12. EGMO 2024

Натпревари - 20.04.2024

13. Ратко Тошиќ - За бројот 1089

Основно образование - Броеви - 16.04.2024

14. MMO2024

Натпревари - 12.04.2024

15. Turgor2023-24

Натпревари - 12.04.2024

16. SEEMOUS 2024

Натпревари - 12.04.2024

Математички Четива

Овој дел на сајтот содржи поголем број математички четива, односно стручни статии од областа на математиката, кои се наменети пред се за работа со надарените ученици за математика. Но, некои од овие четива може да се користат и во редовната настава по математика како во основното, така и во средното образование. Повеќе...

Книги

Овој дел на сајтот содржи книги наменети за работа со надарените ученици за математика во основното и средното образование. Меѓутоа, тука ќе најдете и неколку универзитетски учебници, како и постари изданија на учебници за одновно и средно образование, кои според наше мислење далеку го надминуваат нивото и квалитетот на учебниците за основно образование. Повеќе...